Добредојдовте во македонскиот Лас Вегас

Казината се лакмус за односите со Грција. Проценките се дека за викендите околу 6.000 Грци влегуваат во земјава, а нивна крајна дестинација најчесто се токму казината. Во овој бизнис секоја година се вртат повеќе милиони евра, кои обезбедуваат вработување на најмалку 1.500 македонски државјани.