ПАТОТ НА ВИНОТО

Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.

МАКЕДОНСКИТЕ СЕЛА – ЖИВИ МУЗЕИ НА МИНАТОТО

Изворите со пенлива вода, високата и зелена шума, планинските врвови кои пленат со својата убавина, еколошките јаболка кои зреат на надморска височина од 1.200 метри, се само дел од благодетите со кои располагаат македонските села. Сместени во планинските пазуви тие воодушевуваат со својата автентична архитектура, топлина и срдечност на домаќините. Водениците во кои се уште се меле брашно, старите вретена за предење волна, изработката на кавалите и гајдите од кои се шират звуците на народните песни и ора, се дел од мозаикот на македонските села.

МАНАСТИРСКИТЕ КОНАЦИ – ОАЗА НА ТИШИНАТА

Скоро сите македонски анастири се градени во планинските пазуви, на потешко приспанни места, во предели со прекрасни природни убавини, опкружени со густи шуми и пространи ливади. Иако монасите секогаш барале да се осамат во својот духовен живот, тие сепак ги отварале вратите за населението од околните села, кое тука ги прославувало верски празници, ги одбележувало селските слави и барало утеха и спас во тешките премрежја

Водопадите – мелем за очите и душата

Затскриени во најдлабоките шуми, далеку од човековиот дофат и погледи, тие најчесто се само дел од човековата фантазија, или ретко исполнета желба да се ужива во нивната убавина. Овие планински убавици, иако реални, за многумина се само дел од приказните, и ретко кој верува дека ги имаме и ние на дофат.

СТРАЗБУР – градот на крстопати

Во Стразбур – градот на крстопати, во кој битисуваат 500 илјади жители, се лоцирани најважните европски институции, Советот на Европа и Европскиот парламент зад чии врати се крои европската иднина

ТРИ ПРЕСПАНСКИ АТРАКЦИИ

Во двете преспански езера (Голема и Мала Преспа) има четири острови. Најголемиот од нив е Св.Ахил во Малото Езеро, кој со островот Видрониси и припаѓа на Грција. Св. Ахил е единствениот населен остров, но на него живеат само 27 луѓе во 11 куќи, бидејќи според легендата, доколку се изгради дванаесетата, една од нив ќе се урне. На Островот Ахил се наоѓала првата македонска архиепископија и првата престолнина на цар Самоил.Островот Голем Град познат уште и како Св.Петар се наоѓа во македонскиот дел на Големото Езеро, а Мал Град или Св.Павле е во албанскиот. Единствените жители на овие острови се птиците, змиите, желките, инсектите и некои видови на растенија.

Шарпланински приказни

Шара е една од ретките планински убавици која природата ја обдарила со вечно бели масиви. Планинските врвови кои 135 дена се покриени со дебел снег, во текот на летото се белеат од непрегледните стада овци кои одмараат распослани по километарските пасишта и ледини.
Снежната капа која планинските врвови ги покрива од доцната есен до раната пролет, надмоќно се надвиснува над Тетово – градот распослан во плодната Полошка долина. Како облаци на кои сакате да се испружите и да потонете во занесна пловидба по небесните пространства, овие планински масиви застрашувачки недогледливи, и диви и питоми, мамат за постојано освојување на височините, оти зад секоја карпеста белина се појавува друга, помоќна, недопрена, како снежен тепих ткаен со момински раце. Тој мами да се шара по него со трагите од стапалките кои тонат во меката снежна покривка, налик на белузлава пена.

Ноќите на БИСТРА

Ледена капа ги обвиткува далечните планински врвови надвиснати над Мавровското езеро. Височините на Кораб, Шара, Дешат и Бистра надмоќно стражарат над Маврови Анови и Маврово, а далечниот шум на дивите кози, срните, мечките и рисовите ги будат дамарите. Тука малите прозорчиња светкаат во ноќта, разбивајќи ја на места темнината и правејќи чуден отсјај во езерото. Патеките осветлени во ноќта ги мамат скијачите за уште едно спуштање по снежната белина.

КРИТ- убавина на која и боговите и се восхитуваат

Овој остров надарен со природа, толку див и кроток, контрастен и многулик е спој на цивилизации, лулка на богот Зевс, татковина на сликарот Ел Греко, писателот Никос Казанѕакис и државникот Елефтерос Венизелос.

БРАЈЧИНО- најеколошка оаза во Преспа

Низ Брајчино треба да се прошета пешки, да се впие, а не да се уништи природата. Доволно е само да ги оставите трагите на вашите стопала, а да ги земете сеќавањата со вас. А она што ќе го задржи вашето внимание се петте цркви и манастирот кои се наоѓаат околу селото.

БОСТОН- смарагден ѓердан во Масачусетскиот Залив

Ирски паб „Црна роза” (Black Rose). Кучиња и велосипеди не се дозволени, пишува зад влезната врата на пабот. А однатре допираат звуците на фина жива свирка, се пие пиво од големи кригли, две двојки играат ирски танц зад нас, музичарот весело и се насмевнува на Луси од првата маса. И забавата почнува…

Патување низ вековите и тајните на ЕГИПЕТ

Звуци од минатото, магична светлина и музика од длабочина со која се доловува духот на древните времиња. Историјата на Египет како флешови минува пред нашите очи, заслепени од величествената слава на кралевите. Гласот од длабочината ги буди дамарите во телото и по неколку минути се претопуваме со тајните лавиринти на пирамидите, со стрелите кои смртоносно фучат низ главите на фараоните или пловиме по Нил на средба со богот на сите богови, господарот на сонцето, Амон Ра.

Магијата на Дубровник

Хрватските острови личат на огромна сцена на која се играат традиционални танци, се јаде добра храна и се пие вино од визбите на полуостровот Пелешац